Свет

„Ардаг“ гради одржлива фабрика за производство и пакување стакло

03 Jun 2022

Групацијата „Ардаг“ објави дека нејзината прва фабрика за одржливо производство и пакување стакло во Бразил ќе биде лоцирана во Јуиз де Фора. Производството на одржливо стакло се очекува да почне во првата половина на 2024 година.

Кога ќе биде оперативен, во објектот ќе се отворат 300 работни места. Исто така, од фабриката, бразилските купувачи ќе бидат снабдени со алуминиумски лименки за пијалаци.

„Ардаг“, кој управува со 65 производствени погони за метал и стакло во 16 земји, соопшти дека дека неговиот силен фокус на одржливоста и развојот на животната средина и целите на социјалното управување ќе ја поддржат секоја нова инвестиција, додавајќи дека новата операција во Бразил најверојатно ќе биде меѓу најеколошките.

Компанијата, исто така, додаде дека нејзиното присуство во Бразил ќе се состои од пет производствени погони, кои ќе вработат повеќе од 1.650 луѓе.

„Ардаг“ е глобален снабдувач на одржливи стаклени и алуминиумски пакувања, чие седиште е во Луксембург.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...