Свет

Полека се стабилизира европскиот пазар на сончогледово масло

10 May 2022

Пазарот на сончогледово масло во ЕУ полека се стабилизира бидејќи производителите се прилагодија на намаленото снабдување од Украина, а и дел од пратките сепак стигнаа со железница и со камиони, соопштија од европското здружение на производители „Федоил“.

Украина е најголемиот добавувач на сончогледово масло во ЕУ, но Европјаните поради руската инвазија почнаа да трупаат залихи, што доведе до недостаток во целиот синџир на снабдување и до раст на цените.   

Произведувачите на биодизел ја намалија употребата на сончогледово масло, а производителите на храна ги променија формулите и почнаа да користат други растителни масла. Тоа го ублажи притисокот врз побарувачката на сончогледово масло, соопштија од „Федоил“. 

Официјалните податоци на ЕУ покажуваат дека меѓу 27 февруари и 1 мај во ЕУ се увезени 260.000 тони сончогледово масло од Украина - а обично се увезуваше околу 200.000 тони месечно. Подобреното снабдување ги намали цените на маслото па веќе не се користи замена за нив, рекоа од здружението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...