Свет

Kамери препознаваат колку години имаат купувачите на алкохол

11 Apr 2022

Продавници во Велика Британија почнаа да тестираат автоматски системи кои се состојат од камери со софтвер кој препознава приближно колку години има купувачот кој купува алкохол.

Софтверот е тестиран на над 125.000 луѓе на возраст од 6 до 60 години и во просек годините ги промашува за 2,2, односно само 1,5 кога се во прашање младите на возраст од 16 до 20 години.

При користењето на камерите купувачите мора да дадат согласност. Потоа камерата го скенира лицето и ако смета дека е постаро од 25 години, ќе може да продолжи да ги скенира артиклите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...