Свет

„Супернова“ презема шест шопинг - центри во Романија

24 Dec 2021

Австриската „Супернова група“ презема шест шопинг - центри на „Кор“ во Романија. Еден од нив е на ексклузивна локација во Букурешт.

Компанијата планира да ги модернизира сите центри во тек на следната година и да ги додаде во своето портфолио на водечки центри со врвни перформанси. 

Драго ни е што продолжува силниот развој на нашата групација и што остваривме значително присуство и на романскиот пазар. „Кор“ е важен партнер со сјајни проекти на многу атрактивни локации. Уверени сме дека заедно можеме да ги унапредиме сите проекти и да ги направиме уште попривлечни, соопштија од „Супернова група“. 

Шесте нови центри се со вкупна површина од 140.000 квадратни метри. Тие ќе станат дел од „Супернова група“, додека “Кор“ ќе го задржи својот формат на хипермаркети. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...