Акциите на најголемиот светски трговски синџир „Волмарт“ го претрпеа најголемиот пад по мај годинава, бидејќи зголемените трошоци на синџирот за снабдување го потрошија приходот од тримесечните маржи, без разлика што „Волмарт“ ги намали своите годишни прогнози за продажба и профит.
Големите трговци во малопродажбата, вклучително и „Амазон“, се обидуваат да обезбедат транспорт на производите во САД во очи на кулминацијата на сезоната на купување што се очекува на крајот на годинава.
Акциите на „Волмарт“ паднаа за 2,5 отсто откако бруто маржата на компанијата во третиот квартал падна за 42 поени. Овој период го опфаќа октомври, кога потрошувачите веќе почнаа да купуваат за претстојните празници. Аналитичарите излегоа со став дека намалувањето на маржите на „Волмарт“ може да продолжи до крај на празничната сезона.
Резултатите на „Волмарт“ излегоа на виделина откако ривалскиот гигант во е - трговијата „Амазон“ ги намали изгледите за четвртиот квартал и предупреди на зголеми трошоци во периодот на празници. од „Волмарт“ соопштија дека залихите пораснаа за 11,5 отсто во третиот квартал. Трговецот ги задржа ниските цени за да привлече купувачи. Со повеќе од 5.000 продавници ширум САД, големината на компанијата и влијанието врз производителите своите производи да ги нудат по пониски цени, се голема предност кога инфлацијата достигнува 30 - годишен максимум. Компанијата наведе дека зголемените приходи од нејзиното промотивно работење помогнале донекаде да се ублажи притисокот на маржите во синџирот на снабдување. Продажните синџири почнаа да огласуваат потрошувачки брендови, искористувајќи го богатството на своите податоци за купувачите и просторот на своите интернет страници и во продавниците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.