Свет

Светски млечни компании за позитивни климатски промени

04 окт 2021

Некои од најголемите светски производители на млечни производи потпишаа иницијатива за поттикнување на целите за нулта емисија во секторот млеко.

40 водечки организации, вклучувајќи 11 од 20 најголеми млечни производители во светот, како „Нестле“, „Данон“, „Ројал Фрисланд Кампина“, објавија дека ја поддржуваат иницијативата Pathways to Dairy Net Zero.

Истражувањето што го спроведуваат преку оваа иницијатива е веќе во тек и со него ќе се утврди каде е можно да се дејствува за да се постигнат позитивни климатски промени и да се намалат штетните емисии. Млечната индустрија има многу да понуди за да ја предводи оваа транзиција, истакна Хајн Шумахер, главен извршен директор во „Ројал Фрисланд Кампина“ и претседател на Глобалната платформа за млекарство.

Со првичните истражувања се утврди дека млечната индустрија има средства да намали значителен дел од емисиите, до 40%, преку подобрување на продуктивноста и ефикасноста во користењето на ресурсите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...