Свет

„Маркс & Спенсер“ затвора повеќе од половина продавници во Франција

17 Sep 2021

Британскиот малопродажен синџир „Маркс & Спенсер“ (M&S) објави дека е во постапка на затворање на 11 продавници во Франција, што е повеќе од половина од вкупниот број од 20 продавници, поради проблеми во снабдувањето настанати поради Брегзит.

Долгите и комплексни процедури за извоз воведени по излегувањето на Велика Британија од ЕУ значително ја отежнуваат доставата на свежи и разладени производи од Велика Британија во Европа и продолжуваат да влијаат врз расположението на нашите купувачи во Франција, соопштија од компанијата. 

„Маркс & Спенсер“ уште во април најави дека ги повлекува сите свежи производи од продавницата во Чешка, како и дека се концентрира на замрзнати производи и на производи кои можат да се чуваат на собна температура. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...