Свет

ЕУ: 150 мерки за заштита од нефер трговија

07 Sep 2021

Од 150 мерки за трговска заштита, кои се за 10 повеќе отколку на крајот од 2019 година, 128 се антидампинг, 19 се против субвенции и 3 се заштитни.

На крајот од 2020 година ЕУ на сила имаше 150 мерки за трговска заштита. Како сериозен предизвик за компаниите од блокот, Европската комисија првпат ги воочи новиот вид субвенции што се даваат на трети земји во форма на прекугранична финансиска поддршка.

Системот за заштита на претпријатијата од ЕУ од субвенцираниот увоз кој предизвикува дампинг, добро функционираше и во текот на 2020 година, благодарение на решителната и иновативна примена на инструментите за трговска заштита од предизвиците што ги донесе ковид-19. Тоа е дел од новата трговска стратегија на Европската комисија, во рамките на која ЕУ поодлучно ќе ги брани сопствените интереси од нефер трговските практики.

На крајот од 2020 година во Унијата беа на сила 150 мерки за трговска заштита, што е во склад со нивоата на активност од претходните години, иако на крајот од 2020 година беше забележано зголемување на бројот на пријавените случаи. Освен тоа, Комисијата првпат се фати во костец со новиот вид субвенции што им се доделуваат на трети земји (прекугранична финансиска поддршка), кои се сериозен предизвик за фирмите од земјите-членки на ЕУ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...