Свет

Месната индустрија бара работна сила меѓу затворениците

02 Sep 2021

Кланици, месарници и преработувачи на месо во Велика Британија се обидуваат да го решат проблемот со недостиг на работна сила, предизвикан од пандемијата и од Брегзит, а потрагата ги доведе до затворениците.

Лидерите од месната индустрија веќе разговараа со владата за можноста за поврзување на компаниите со затворите, за да се пополнат испразнетите работни места. Од Организацијата на независни доставувачи на месо изјавија дека во моментов имаат околу 14.000 слободни работни места, што е околу 15% од работната сила во овој сектор.

Бизнисите ќе се обидат да се поврзат со затворите од отворен тип, чии затвореници се вклучени во програма за привремено ослободување за да стекнат работно искуство и да го олеснат враќањето во заедницата, изјавија од организацијата.

Претходно, прехранбената индустрија се обиде да најде работници меѓу поранешните војници, но наиде на слаб одѕив.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...