Свет

Кина воведе нови правила во онлајн трговијата

18 Aug 2021

Кинеските регулатори вчера објавија нов сет прописи за интернет секторот, кој предвидува забрана на нелојалната конкуренција и ограничување на употребата на податоците на корисниците, што е најнов чекор во акцијата за сузбивање на монополот на технолошките компании во земјата. 

Кина ја зголеми контролата над онлајн платформите и како причини ги наведе: ризик од злоупотреба на пазарната моќ за потиснување на конкуренцијата, ризик од неовластено користење кориснички податоци и кршење на правата на потрошувачите. Регулаторот посебно нагласува дека деловните субјекти не смеат да користат средства за незаконско преземање или користење податоци на други деловни субјекти. 

Исто така, на компаниите им е забрането да измислуваат или шират неточни информации за да го нарушат угледот на конкуренцијата; им се наложува да престанат со маркетиншка праска како што се лажни рецензии, купони или „црвени пликови“ (парични награди) кои ги користат како мамка за подобрување на својот рејтинг. 

Во таа насока, претходно беа изречени казни за одредени технолошки гиганти со цел да се ограничат нивните антиконкурентски или монополски постапки. Казната за „Алибаба“ беше рекордна - 2,5 милијарди долари поради учество во нелојална конкуренција. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...