„Бери Калебаут“, познатиот производител на чоколадо и какао, најави отворање на својата трета фабрика во Русија, во посебна економска зона во калиннградската област.
Објектот, кој компанијата го купи во 2020 година, ќе биде оперативен од август годинава. На почеток ќе има 40 вработувања, главно во своите производствени, инженерски и магицински погони.
Отворањето на третата фабрика дополнително го засилува нашето присуство во Русија и ја прикажува нашата посветеност кон третиот по големина пазар на чоколадни производи на светот, соопштија од „Бери Калебаут“.
Минатиот месец, „Бери Калебаут“ договори преземање на белгиската компанија „Јуроп чоколид компани“ за засега непозната сума.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.