Свет

„Континенте“ ја отвори првата продавница без каси

21 Jun 2021

Португалскиот трговец „Континенте“ инвестираше повеќе од милион евра во отворање на својата прва продавница без каси во Лисабон. Маркетот е во центарот на градот, во близина на место каде вообичаено се собираат млади луѓе, особено студенти. 

Во овој проект, „Континенте“ се здружи со португалскиот старт - ап „Сенсеи“ кој е заслужен за технологијата со вештачка интелегенција користена во маркетот. Објектот има 150 квадратни метри и е опремен со камери, сензори и мрежни кабли во должина од 20 километри. Процесот на купување е едноставен - корисникот прво треба да ја преземе апликацијата Continente Labs и да ја поврзе со својата дебитна или кредитна картичка. Апликацијата го генерира кодот што им овозможува на купувачите да влезат во продавницата. Кога купувачот ќе почне да ги зема производите од полица, виртуелната корпа ги собира цените.  Технологијата го следи движењето на купувачот низ продавницата, но без препознавање лице. 

Претходно, „Амазон“ отвори продавници без каси во САД и во Велика Британија. Истото го направи и полскиот трговец „Жабка“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...