„Карфур“ - Бразил најави дека во рамки на апликацијата MyCarrefour корисниците ќе можат да ја споредуваат нутритивната вредност на производот и неговата цена, што ќе им овозможи да бираат производи кои се повеќе хранливи, а истовремено и поевтини. Новиот систем веќе е достапен на апликацијата, како и на сајтот на компанијата.
Алатката е заснована на независната Nutri Score методологија која ги класифицира производите од А до Е и ги преведува нутритивните табели во податоци лесни за разбирање. Друг елемен на системот ги зема во обзир цените на производите достапни во продавниците или онлајн. Потоа системот ги комбинира овие елементи и сугерира производи со подобар или сличен нутритивен „скор“ и попристапна цена. Купувачите кои се регистрираат на апликацијата добиваат листа на сугестии кои ја содржи неодамнешната историја на купување и нуди рационални алтернативи. Листата ги покажува и моменталните попусти. За почеток, системот нуди 16.000 производи поделени во 70 категории.
Трговецот соопшти дека не сака да им кажува на купувачите што треба или не треба да купуваат, туку да им овозможи доволно информации сами да ја изберат опцијата што е најдобра за нив, но и да им покаже дека може да се јаде подобро, а да се троши помалку.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.