Свет

„Амазон“ го купува холивудското студио „МГМ“ за 8,45 милијарди долари

27 May 2021

„Амазон“ за 8.45 милијарди долари ќе го купи славното холивудско студио „МГМ“, кое стои зад класици како „Пеење на дождот“ па сѐ до филмската франшиза „Џејмс Бонд“. 

 Гигантот за онлајн продажба кој го води Џеф Безос ќе стане сопственик на филмско студио старо речиси 1 век, култно во светската филмска историја. Овој потег ќе му овозможи на „Амазон“ да се натпреварува со „Нетфликс“, „Дизни“ и со „Дискавери“ во светот на стриминг сервисите.

„Амазон’ ќе го зачува наследството на „МГМ“ и архивата на филмови, и ќе им овозможи на корисниците уште поголем пристап до овие култни дела, стои во заедничкото соопштение од двете компании. 

Ова е втора најголема аквизиција на Амазон од преземањето на компанијата „Хол фудс маркет“, што ја купи во 2017 година за 13,7 милијарди долари.

Куповната цена на „Амазон“ за „МГМ“ претставува висока премија во однос на другите примени понуди. Цената е приближно 37 пати повисока од проценетата добивка на „МГМ“ пред каматата, депрецијација и амортизација (EBITDA) за 2021 година.

Ова е последниот во низата договори за преземање и спојување во медиумската индустрија во САД.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...