Следниот месец „Кооп“ – Италија ќе претстави шише минерална вода под приватна трговска марка, изработено од 100% рециклирана пластика и со капаче што не се одделува.
Новиот производ ќе се продава во пакување од литар и ќе биде достапен во газирана и во негазирани варијанта. Оваа ниско-минерална вода, од трговскиот бренд Coop, потекнува од изворот на планината Монте Чимоне, во близината на Модена.
Лансирањето на 100% рециклирачко пластично шише е овозможено по законските промени во Италија, од јануари 2021 година, според кои е одобрено производство на шишиња и амбалажи што содржат до 100% рециклиран полиетилен терафталат (ПЕТ). Претходно, границата беше 50%.
Посебна карактеристика на ова шише е што капачето останува прицврстено на грлото.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.