Свет

Француските трговци го поддржуваат млечниот сектор

05 апр 2021

„Сентрале Енвергур“, кој преговара во име на трговците „Карфур“ и „Систем ју“, склучи договор со сите големи производители на млечни производи во Франција, вклучувајќи ги „Содијал“, „Јопле“, „Лакталис“, „Савенсија“ и „Еријал“, за зголемување на цената на млекото.

Договорот ја обележува третата година по ред, откако трговските синџири се согласија да обезбедат подобра награда за млекопроизводителите во Франција.

„Карфур“ и „Систем ју“ соработуваат со повеќе од 30.000 производители на кравјо и на козјо млеко преку приватни или кооперативни преработувачи, кои вкупно произведуваат повеќе од 800 милиони млечни производи што се продаваат во маркетите.

Од спроведувањето на законот EGAlim, кој обезбедува исплата на пофер цени на земјоделците за нивните производи, „Карфур“ и „Систем ју“ се целосно посветени на поддршка на млечниот сектор.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...