Свет

Шпанија ќе тестира четиридневна работна недела

22 Mar 2021

Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од четиридневната работна недела. Aко тестирањето помине како што треба и идејата биде целосно прифатена, Шпанија може да стане една од првите земји во светот што ќе примени таков систем.

Тестирањето на овој пилот проект ќе започне на есен, ќе трае три години, а во него ќе бидат вложени 50 милиони евра со цел да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува Гардијан.

Пример е шпанската компанија „Делсол“, чии работници веќе извесно време работат само четири дена во неделата.

Јасно е дека начинот на работа предизвикува стрес кај луѓето, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици врз менталното здравје. Четиридневната недела би била добра за економијата, за работниците и за животната средина, велат од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...