Свет

Бугарија влегува во 10 - дневен карантин

18 Mar 2021

Бугарија ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од понеделник, како дел од борбата против ширењето на заразата со Ковид-19 што ги наполни болниците, потврди денеска бугарскиот министер за здравство.

Бугарија, која треба да одржи парламентарни избори на 4 април, денеска пријави 4.201 нов случај, со 7.804 лица во болниците, од кои 609 на интензивна нега, пренесува „Ројтерс“.

Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со ковид-19.

Досега во земјата со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи. Бугарските болници и служби за брза помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на заразени. На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти со коронавирус. Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по олеснувањето на рестриктивните мерки на 1 март.

Областите најпогодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...