Апетитот на Германците за тестенини во време на пандемија ѝ донесе добра вест на Италија која извозот на тестенини во Германија го зголеми за 20 отсто во период од една година.
Нам Германија ни е најголемиот пазар за извоз на паста, соопштија од италијанскиот сојуз на производители на храна „Филиера Италија фуд асосиашион“. Додека другите италијански сектори трпеа загуби, прехранбената индустрија може да биде задоволна, објаснуваат од Сојузот.
Повеќе маслиново масло, сирења и ориз завршија на масите на германските домаќинства откако избувна пандемијата, но ниту еден од тие производи не може да се мери по побарувачката на тестенините.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.