Свет

Тужба за „Волмарт“ поради издавање лекови на рецепт

25 Dec 2020

Американското министерство за правда поднесе тужба против малопродажниот синџир „Волмарт“, тврдејќи дека во продавниците незаконски се издавани строго регулирани медикаменти, вклучувајќи и опиоиди, кои докторите ги препишуваат на рецепт.

Министерството бара малопродажниот гигант да биде казнет со милијарда долари.

Како еден од најголемите фармацевтски синџири и дистрибутери на лекови на големо во САД, „Волмарт“ сноси одговорност и располага со потребните ресурси за да помогне во спречувањето на дистрибуцијата на опиоиди на рецепт, соопшти американското судство.

Од друга страна, „Волмарт“ тврди дека вработените ја вршеле својата должност и издавале лекови што на луѓето им ги препишувале овластени лекари.

Во октомври компанијата превентивно поднесе тужба против Министерството за правда и Агенцијата за борба против наркотици, очекувајќи правна битка.

Според законите на САД, фармацевтите од „Волмарт“ требало да ги пријават сомнителните нарачки или рецепти за седативи на Агенцијата за борба со наркотици (ДЕА), но Министерството за правда тврди дека тоа не го сториле.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...