Свет

„Континенте“ ја елиминира микропластиката

01 Dec 2020

Португалскиот трговец „Континенте“ се обврза дека ќе ја елиминира микропластиката од хигиенските и козметичките производи од приватните трговски марки до крајот на годинава.

Одлуката се однесува на трговскиот бренд MyLabel, кој нуди повеќе од 300 козметички производи во категориите за нега на кожа, коса и тело.

Иницијативата им претходи на мерките што ги донесе португалската влада за 2021 година, според кои, се забрануваат козметички производи и детергенти што содржат микропластика.

Тесно соработуваме со доставувачите за да бидеме сигурни дека во нашите производи не се користи микропластика. Кога е неопходно, вградуваме растителни алтернативи кои гарантираат квалитет, велат од менџментот на „Континенте“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...