Свет

X5 ја претстави првата продавница без персонал во Москва

28 Oct 2020

Рускиот трговски синџир X5 неодамна ја отвори својата прва продавница без персонал во Москва, каде се можни плаќања без готовина.

Првата отворена продавница од овој тип ќе биде „Питерочка“, трговски синџир кој работи во рамките на Х5, кој ќе работи седум дена во неделата, а работното време е од 7 часот наутро до полноќ.

Инспирацијата за отворање на овој тип продавници Х5 се најде во концептот на продавниците на „Амазон гоу“. Посетителите купуваат производи со помош на паметни телефони, кои ги скенираат купените производи и вршат плаќања при поаѓање.

Првата ваква продавница на најсилниот трговец на рускиот пазар зафаќа 980 квадратни метри. Понудата вклучува околу 900 производи, главно наменети за помладата популација, милениумците и генерацијата Z, кои претпочитаат брзи и бесконтактни набавки.

Концептот е поставен во согласност со моменталната состојба, така што клиентите остваруваат што помалку непотребни контакти со други луѓе. Дојдете, купете и одете, рече Сергеј Гончаров, директор за продажба во синџирот „Питерочка“.

Во првите недели од работењето, во продавницата ќе има барем едно лице, за секој случај, кое ќе биде на услуга на клиентите доколку има некои помали проблеми при купувањето, објавија од трговецот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...