Свет

„Амазон“ плаќа за информации за конкуренцијата

26 Oct 2020

„Амазон“ лансира нова програма, преку која на купувачите директно им плаќа за информации за тоа што и како купуваат од конкурентните трговци.

Програмата, која е-гигантот ја нарече Amazon Shopper Panel, бара од корисниците секој месец на апликацијата да додаваат 10 сметки од конкурентните трговци (продавници за храна, трговски куќи, дрогерии и од објекти од забавен тип – кина, забавни паркови и ресторани).

Продавниците на „Амазон“, како „Хол фудс“, „Амазон гоу“, „Амазон фор стар“ и „Амазон букс“ не се опфатени со програмата.

Кога купувачите ќе испратат сметки од конкурентните трговци преку апликацијата или преку е-пошта, тие добиваат 10 американски долари на нивниот профил на „Амазон“. Има можност и парите да бидат донирани во добротворни цели.

Од „Амазон“ тврдат дека програмата не ги загрозува личните податоци на корисниците, односно по испораката на сметките сите чувствителни податоци се бришат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...