Регион

„Нели“ ќе гради трговски објект во Лозница

05 Oct 2020

Компанијата „Нели“, производител на кондиторски производи, во Лозница ќе гради трговски објект со вкупна нето-површина од 932 м².

Планирано е објектот да има подрум, приземје и еден кат, а ќе се гради на парцела со површина од 369 м². Во подрумот е предвидена гаража од 11 паркинг-места, а на приземје и кат проектиран е еден локал на површина од 508 м².

Првичната вредност на објектот изнесува повеќе од 270 илјади евра.

Компанијата „Нели“ се занимава со производство на кондиторски производи од 2007 година, а во 2017 година изгради производствен погон од над 8.000 м². Кон крајот на 2018 година во Белград ја отвори првата чоколадна куќа.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...