Фабриката за кекси и вафли „Ласта“ од Чапљина ќе почне со работа во првата половина на 2021 година, откако до крајот на годинава ќе заврши целосната реконструкција на фабриката.
Како што е познато, нов сопственик на „Ласта“ од лани е компанијата „Виолета“ на Петар Ќорлука.
Сега, со реконструкцијата, паралелно се одвиваат работи на покривот и фасадата на зградата и се уредува околината. Поставени се соларни панели со помош на кои фабриката ќе добива струја за сопствени потреби.
При преземањето на фабриката која беше во стечај, Ќорлука најави дека производството во неа ќе продолжи по европски стандарди, дел од поранешните работници ќе бидат вратени на работа, а ќе се отворат и нови работни места.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.