Регион

„Дукат“ е подготвен да го откупува млекото од кооперантите на „Мегле“

24 Jul 2020

Компанијата „Дукат“ искажа подготвеност да помогне во создавање услови за откуп на млекото од кооперантите на „Мегле“, откако претходно „Мегле“ најави дека ќе го запре производството во објектот во Осиек. 

Бројот на производители и количните на произведено млеко во Хрватска се намалуваше низ годините, па сега во оваа земја се произведува само половина од потребното млеко. Затоа е нужно млекопроизводството да се одржи. 

Производството на млеко во Славонија не смее да запре. Затоа сме подготвени да договориме соработка со фармерите на „Мегле“, во согласност со нашите сопствени капацитети за откуп и преработка на млекото и со поддршка од државата, изјави Антун Милиќ, директор за откуп и развој на производството на млеко во „Дукат“. 

„Дукат“ соработува с повеќе од 2.000 мали, средни и големи млекопроизводители во Хрватска. 

„Мегле“ до крајот на годината ќе го запре производството во Осиек, при што отказ ќе добијат 160 работници чии работни места се укинуваат. 

Групацијата со седиште во Германија спроведува процес на оптимизација на целокупната работа со цел да постави долгорочно одржливи модели на работење на сите пазари. Според тоа, беше донесена одлука и за гасење на производството во Осиек, што треба да се случи до крајот на годинава, соопштија од компанијата. 

Од таму најавија дека од 1 јануари 2021 година, „Мегле“ во хрватска ќе работи преку „нов модел“. 

Одлуката е донесена поради долгогодишни деловни предизвици и низа кризи кои негативно ѝ влијаеја на компанијата. 

Согласно одлуката за гасење, „Мегле“ ќе ги раскине договорите со кооперантите. Обврските на компанијата кон нив ќе бидат целосно исполнети, исто како и обврските кон вработените кои ќе добијат отпремнини. 

„Мегле“ во Хрватска работи од 1996 година. Во последните 15 години, компанијата вложи повеќе од 130 милиони куни во работењето на хрватскиот пазар. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...