Регион

„Нестле“ вложува 2,3 милиони евра во зачувување на шумите

23 Jul 2020
Компанијата „Нестле“ најави вложување од 2,33 милиони евра за заштита и обнова на шумскиот резерват Кавали на Брегот на слоновата коска.
 
Исто така, ќе ги поддржи и локалните заедници кои живеат околу резерватот за премин кон одржливо земјоделство. 
 
Резерватот е една од 234 класификувани шуми и извор на биолошка разновидност загрозен поради сечењето на шумите. 

Да го запреме сечењето на шумите поврзани со какаото е дел од нашата амбиција да го трансформираме нашиот стопански синџир на снабдување, да го направиме еколошки поприфатлив и повеќе отпорен. Ова е дел и од нашата забрзана акција во борбата против климатските промени и треба да придонесе кон остварување на нашата обврска за нула нето емисии до 2050 година, соопштија од „Нестле“. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...