Регион

„Певекс“ откупува сопствени акции

20 јул 2020

Хрватскиот трговски синџир „Певекс“ планира да откупи акции вредни 7 милиони куни. Предмет на купување се 193 акции по цена од 40.000 куни за акција. Понудата важи до 31 јули, а рокот за исплата на акционерите кои ќе се одлучат за продажба е 6 август, соопштија од компанијата. 

Одлуката за откуп на сопствени акции, Управата на „Певекс“ ја донесе уште во 2018 година. Тогаш акционерите ја овластија Управата во период од три години да може да откупува сопствени акции. 

 „Певекс“ минатата година оствари рекорден профит-вкупните приходи на компанијата изнесуваат 282.428.382 евра, додека нето-добивката се зголеми на 21.236.269 евра во споредба со годината претходно. Меѓу другото, компанијата презеде десет постојни продажни центри, отвори шест нови продажни центри и ангажираше повеќе од 800 нови вработени во споменатиот период.

Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 282.428.382 евра, додека нето-добивката се зголеми на 21.236.269 евра во споредба со минатата година.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...