Цветот на Херцеговина наскоро ќе почне повторно да мириса на кекси и на вафли, најави Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, компанијата која ја купи фабриката за кекси и вафли „Ласта“ од Чапљина.
Ништо не се смени што се однесува до нашата инвестиција во „Ласта“. Вирусот можеби малку ги забави работите, но ниту во еден момент не ги сопре целосно. Одлучивме одново да направиме и нов покрив, под, фасада и инсталации. Во моментов преговараме околу нови машини за производство. До крај на годината треба се да е завршено или барем да е во завршна фаза, изјави Ќорлука.
Производството во фабриката беше запрено кон крајот на 2016 година, кога тогашниот директор Иван Рагуж им рекол на работниците дека почнува колективниот одмор. Прекинот на производството беше обелоденет на 26 јануари минатата година и оттогаш фабриката не работеше.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.