Регион

„Лакталис“ инвестира 1,7 милиони евра во фабриката во БиХ

06 May 2020

Групацијата „Лакталис“ во „Лакталис БХ“ и млекарницата „Инмер“ во Градачац годинава ќе инвестира околу 1,7 милиони евра за да го поддржат развојот на млечната индустрија во БиХ

Најголем дел од инвестициите, околу 920 илјади евра, ќе бидат инвестирани во „Инмер“, а целта е да се зголеми производствениот капацитет на млекарницата и да се придонесе за поголема продуктивност и енергетска ефикасност, изјавија од „Лакталис БХ“.

Во моментов, „Инмер“, една од најголемите производители на млечни производи во БиХ, произведува над 60 производи од брендовите Dukat, Domaće blago и Dar prirode.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...