Регион

„Шпар“- Хрватска продаде повеќе од милион биоразградливи кеси

10 Feb 2020

„Шпар“-Хрватска во 2019 година забележа значителен пораст на побарувачката за биоразградливи кеси при што продаде повеќе од милион вакви кеси, соопштија од компанијата. 

Во соопштението се наведува дека овој трговски синџир нуди голем избор алтернативи за пластичните кеси за купувачи, па во понудата има 10 видови различни еколошки прифатливи кеси. Меѓу се нив се хартиени, биоразградливи, мрежасти за овошје и за зеленчук, платнени торби за повеќекратна употреба...

Откако во април лани беа ставени мрежестите кеси во продажба, до крајот на годината се продадоа 80.000 парчиња. Се продадоа и повеќе од 100.000 биоразградливи кеси. Продажбата на хартиени кеси беше осум пати поголема во споредба со претходната 2018 година, соопштија од „Шпар“.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...