Регион

На вториот „Сараево халал саем 2019“ има 108 изложувачи од цел свет

27 Sep 2019

Во присуство на голем број бизнисмени и политичари вчера во Сараево беше отворен Вториот меѓународен саем за индустријата халал, „Сараево халал саем (SHF)2019“. 

Премиерот на Малезија, Махатир Мохамад, им се обрати на учесниците на SHF 2019 преку видео-врска, посочувајќи дека тој е еден од почесните основачи на Сараевскиот бизнис-форум и SHF 2019.

Јас сум убеден дека успешно ќе се позиционира саемот „Сараево халал“ како истакнато место за средби за претставниците на индустријата халал и деловна платформа за локални и меѓународни компании . SHF има потенцијал да помогне во зајакнувањето на економската соработка на земјите од Западен Балкан, да ги зајакне односите во регионот и остатокот од светот, рече Махатир.

Оваа година, на Саемот ќе има 108 изложувачи од 36 земји. Повеќе од 130 новинари се акредитирани да го следат SHF 2019, а организаторите очекуваат повеќе од 10.000 посетители.

Амер Букиќ, извршен директор на „Босна банка Интернационал“, истакна дека одржувањето на SHF, веќе втора година по ред го потврдува успехот на минатогодишниот саем и заживување на визијата на организаторите да го направат Сараево центарот на халалската индустрија во Европа. Тој на гостите, изложувачите и учесниците им потенцираше дека SHF 2019 е нивна можност да се отворат кон Европа и светот, да воспостават деловни контакти, да разменуваат искуства, да споделат идеи и да влезат на нови пазари.

Проценките се дека светскиот халал-пазар брои повеќе од 1,5 милијарди потрошувачи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...