„Орбико група“, водечки европски дистрибутер за стоки за широка потрошувачка, е нов сопственик на романската компанија Interbrands Marketing and Distribution.
Компанијата поседува моќни глобални брендови како што се British American Tobacco, Philipa Morris, Procter & Gamble, Nestle…Станува збор за компанија со 2.000 вработени и годишни приходи од 200 милиони евра. Процесот на преземање ќе се одвива во повеќе фази, но „Орбико груп“ за најмногу три месеци треба да стане сопственик на 60 отсто од Interbrands Marketing and Distribution. Три години е рокот до кога треба да ја преземе целата компанија.
Освен во Хрватска, Полска и Романија, „Орбико“ работи во уште 17 земји – Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија, БиХ, Русија, Германија, Австрија....Минатата година, вкупните приходи на групацијата биле околу 2 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.