Производството на слатки во Србија во последните пет години бележи значителен раст. Српските чоколади, кекси и бонбони своето место го најдоа на полиците во светски трговски синџири.
Статистичките податоци бележат раст на прометот на мало, што укажува на опоравување на потрошувачката како значаен извор на растот.
На чело на „производната лента" во Србија се фините пекарски производи како различните видови кекси (раст од 17,0 отсто). Производството на чоколада и производи слични на чоколада е зголемено за 12 отсто во споредба со претходните пет години.
Во просек, Србија годишно извезува третина од своите кондиторски производи, најмногу кекси и вафли. Минатата година биле извезени 50.000 тони кондиторски производи, што на српската индустрија на слатки ѝ донело повеќе од 145 милиони долари.
Главни извозни пазари се земјите од поранешна Југославија. Најмногу се извезува во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Но, српските кондиторски производи се почесто своето место го наоѓаат и во продавниците во Австралија, во САД и во земјите од ЕУ.
Се вчитува следна вест...