Регион

Дарио Шалиќ е новиот претседател на Управата на „Јамница“

29 Aug 2018

На вчерашната седница на Надзорниот одбор донесена е одлука за смена на Мислав Галиќ од позицијата претседател и член на Управниот одбор на „Јамница".

Надзорниот одбор го именуваше Дарио Шалиќ за претседател на Управата на „Јамница", соопшти „Агрокор" на својата веб-страница. Како што се наведува, новиот претседател е менаџер со долгогодишен стаж во индустријата за пијалаци, кој богатото искуство го стекнал на различни управувачки позиции во големи интернационални и регионални компании.

На позицијата директор на стратешко-дистрибутивниот регион „хорека" во „Атлантик група" бил задолжен за сите пазари од регионот на поранешна Југославија. Од 2012 до 2014 година бил директор на „Хејнекен" во БИХ. Претходно, од 2005 до 2012 година управувал со продажбата на пијаците Coca-Cola на пет клучни хрватски региони, а од 2004 до 2005 година бил регионален директор за продажба во „Загребачка пивовара". Од 2001 до 2004 година бил вработен во „Кока-кола" – Хрватска на позицијата регионален директор за продажба.

Во текот на кариерата, тој бил фокусиран на продажба, оперативно работење, управување со финансиите и со човечки ресурси, односно на изградба на корпоративна култура, базирана на иновативност и одржлив развој. Со истите тие вредности, тој има намера да раководи и во управувањето со „Јамница", се наведува во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...