„Равница" е со 100% државен капитал, проценетата вредност е 261.000 евра, колку што изнесува и почетната продажна цена.
За купување на фабриката за кондиторски производи „Равница" пристигнаа 14 понуди, од кои пет се валидни. Како што истакнуваат од компанијата, за околу две до три недели ќе се знае судбината на „Равница", колку што се очекува дека ќе трае процедурата за продавање на фабриката.
Јавното наддавање за приватизација на една од најпознатите фабрики за кондиторски производи во Србија, производител на познатиот производ Bonžita, беше распишан на 6 јули, а пријавите за учество траеја до 10 август. Јавното наддавање и отворање на понудите беше објавено на 14 август.
Проценетата вредност на фабриката е 261.000 евра, колку што изнесува и почетната продажна цена. Во фабриката се вработени 113 луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.