Повеќе од 400 учесници, над 70 компании, позитивна енергија, размена на идеи и искуства, инспиративни презентации, одговори на актуелните предизвици и идни деловни партнерства го одбележаа јубилејниот 10 FMCG Summit, кој се одржа вчера во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Со 11 инспиративни говорници, 4 панелисти, 19 спонзори и 4 ритеил-партнери, повторно докажавме дека FMCG Summit, e најголемиот трговски настан на годината, настан кој ги донесува промените во FMCG секторот.
Повторно, на едно место ги обединивме трговците, дистрибутерите, производителите и повторно докажавме дека со 10 FMCG Summit секоја година ги поместуваме границите.
Овозможивме учесниците на 10 FMCG Summit да ги слушнат најактуелните теми и да видат одлични говорници, кои ги презентираа своите искуства и најновите трендови кои се клучни за компаниите успешно да се приклучат во современите трговски текови.
Како и секоја година и овојпат воведовме новитети. На почетокот на самитот, директорка на магазинот InStore и на „Кликер маркетинг“, Верица Мартиновска, им се заблагодари на спонзорите за долгогодишната поддршка на FMCG Summit и им додели благодарници на компаниите: „Атлантик група“, „Пакомак“, „Прилепска пиварница“, „Даути комерц“ и „НЛБ банка“.
За првпат воведовме апликација преку која учесниците можат во текот на целиот FMCG Summit да бидат активни преку коментари и поставување на прашања на говорниците и на панелистите. По традицијата, им доделивме признанија на најдобриот вработен од продажниот персонал и најдобариот менаџер за набавка, доделивме награди и за најсреќните посетители, кои си заминаа со полни колички со производи.
За 10 FMCG Summit ќе се зборува долго, импресиите ќе се споделуваат меѓу учесниците. Десетта година по ред им овозможуваме на учесниците да ги проследат најсовремените трендови кои ги применуваат компаниите во нивното работење и да создадат нови деловни можности за успех и пораст на своите бизниси, а ние од магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“ се подготвуваме за следната заедничка средба, 11 FMCG Summit.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.