Македонија

„Волт“ наскоро во Македонија

01 Nov 2024

„Волт“ иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија. Со оваа експанзија, Северна Македонија се приклучува на растечката мрежа на „Волт“, која покрива 28 земји и вработува над 12 000 луѓе.

Патувањето на „Волт“започнува во 2014 година како мала стартап компанија со шест коосновачи, а денес е водечка платформа која поддржува економска активност од 19 милијарди евра на пазарите каде е присутна и дава значителен придонес во економиите на регионите во кои работи. Во изминатата деценија, „Волт“ соработуваше со повеќе од 150 000 трговци, обработувајќи 700 милиони нарачки.  Интересно е тоа што најпопуларниот производ во сите 28 земји е хамбургерот, со вкупно 130 милиони нарачки. Достигнувањата на „Волт“ вклучуваат рекорди како достава што патувала 4 000 километри низ седум земји, од Грузија до Германија, како и најголемата поединечна нарачка од 8.559 евра за електронска опрема, стои во соопштението од „Волт“.

Надвор од својот основен модел за испорака, „Волт“ ги диверзифицираше своите услуги за да вклучи други важни производи, како лекови и електроника.

Партнерите за испорака се привлечени од флексибилноста и дополнителните можности за заработка, со преку 450 000 поединци кои соработувале со „Волт“, колективно заработувајќи 3 милијарди евра. Клиентите ја ценат брзата и достапна услуга на платформата за достава. Во текот на изминатата деценија, „Волт“ стана синоним за сигурна достава и се етаблира како клучен сојузник за локалните бизниси. За да го поддржи ова, Wolt постојано развива технолошки алатки, кои се движат од локална логистика до малопродажни софтвери и финансиски решенија, а работи и со свои продавници за прехранбени производи под брендот „Волт маркет“, соопштуваат од „Волт“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...