Регион

„Франк“ го продаде уделот во „Адриа снек“

31 Jul 2018
Хрватската компанија „Франк" го продаде својот дел во компанијата „Адриа снек", која го произведува Čipi čips, на германската компанија „Интерснек".
 
Причината за продажба е кризата во која се најде „Франк" поради работењето на „Агрокор".
 
Парите од продажбата на уделот, „Франк" ќе ги искористи за израмнување на долгот кон Стопанската банка на Загреб, а во план е и решавање на обврските кон другите банки.
 
За фабриката која произведува чипс и која работи од 1977 година, „Франк" доби 12 милиони евра и според најавите, ќе го продолжи своето работење во рамките на компанијата „Интерснек".
 
Да потсетиме, „Адриа снек" е претпријатие формирано од „Франк" и „Интерснек", со седиште во Загреб, кое почна со работа во октомври, 2015 година. Во 2017 година приходите на „Адриа снек" изнесуваа 131 милиони куни (17,7 милиони евра), а профитот - 2,39 милиони куни (322,800 евра). До крајот на минатата година, во фабриката беа вработени 85 луѓе.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...