Регион

Хрватска: „Нестле“ е добитник на сертификат за праведен систем на плати

18 Mar 2025

Компанијата „Нестле“ во Хрватска го доби сертификатот Equal Pay Champion, кој ја потврдува посветеноста на организацијата да обезбеди еднаква плата за еднаков труд за своите вработени.

Сертификатот  е покренат од „Селектио груп“ со цел да ги препознае работодавците кои се решени да постигнат еднаквост, рамноправност и правичност во нивната организација. Така, „Нестле“ е меѓу првите компании во Хрватска на кои им е признат и награден овој пристап кон работата.

Покрај тоа што е посветена на еднакви плати, „Нестле“ нуди широк спектар на бенефиции за своите вработени. Меѓу нив се издвојуваат флексибилното работно време, „краткиот петок“ кој овозможува пократка работна недела еднаш месечно, како и „Мојот ден“, дополнителен слободен ден што вработените можат да го користат според сопствените потреби. Компанијата нуди и програма за психолошка поддршка, дополнително здравствено осигурување, а организира и бројни активности кои придонесуваат за квалитетот на работниот живот.

На вработените им се обезбедува поддршка и при враќање од родителско отсуство, така што како дел од програмата SEMFlex, вработените можат да комбинираат работа од дома со работа од канцеларија до 50% од времето месечно, а исто така им се обезбедуваат посебни поволности како што се бесплатна формула NAN млеко за бебиња во првата година, четири недели платено отсуство за татковците во првата година, како и соби за доење. По враќањето од отсуство, вработените се вклучени во редовниот годишен преглед на платите, според истите принципи кои важат за сите други вработени.

Нашата цел е да создадеме поддржувачка работна средина која им овозможува на вработените да ја балансираат работата и приватниот живот. Со воведување политика на флексибилност и поддршка, придонесуваме за постигнување родова еднаквост и создавање инклузивно работно место, изјави Тина Ѓуриш, менаџер за човечки ресурси во „Нестле“ за Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Лаурентиу-Флорин Димитриу, генерален директор на „Нестле“ за Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, додаде дека е горд што „Нестле“ е меѓу лидерите на хрватскиот пазар во однос на родовата еднаквост и еднаквите плати.

Највисоката оцена што ја добивме потврдува колку сме посветени на создавање работна средина која е инклузивна и поддржувачка. Сепак, ова признание не мотивира да продолжиме да се развиваме, растеме и усовршуваме како работодавач, изјави Димитриу.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...