Регион

Хрватска: „Студенац“ гради нов логистичко – дистрибутивен центар

13 Mar 2025

„Студенац“ потпиша договор со „ВГП“ “ за изградба на нов логистичко – дистрибутивен центар во рамките на комплексот „ВПГ парк Сплит“.

Отворањето на логистичко-дистрибутивниот центар, кој ќе се простира на површина од 23.000 метри квадратни, се очекува во првата половина на 2026 година.

Со изградба на уште еден модерен дистрибутивен центар, ние продолжуваме да ги издигнуваме нашите логистички процеси на највисоко ниво на извонредност. Оптимизацијата, одржливоста и технолошкиот напредок се клучни елементи на нашата стратегија за развој на синџирот на снабдување, а овој проект претставува уште еден значаен чекор во неговото зајакнување. Со нашите најнови инвестиции во трансформацијата на синџирот на снабдување, продолжуваме да го поддржуваме растот на компанијата и проширувањето на нашата малопродажна мрежа во Хрватска, која денес има повеќе од 1.400 продавници, изјави Драган Башкарад, член на Управниот одбор за операции на „Студенац“.

 Центарот во Дугопоље ќе донесе бројни предности во однос на постоечкиот објект, вклучувајќи поголема вкупна површина, централизирани процеси, оптимизиран распоред, поголем број рампи за утовар и истовар и модерна опрема како што се лавици високи 11,5 метри. Посебно внимание е посветено на одржливоста, така што центарот ќе има соларна централа која ќе го намали јаглеродниот отпечаток и ќе ја зголеми енергетската ефикасност со цел да се постигне BREEAM Excellent сертификација и усогласеност со таксономијата на ЕУ.

На локација со вкупна површина од 187.000 квадратни метри,„ВГП“ ќе развие 74.000 квадратни метри логистички и индустриски простор.

 Горди сме што придонесуваме за развојот на модерната логистика во Хрватска преку „ВГП Парк Сплит“. Нашата посветеност на одржливи и приспособени решенија обезбедува долгорочна вредност за нашите партнери и горди сме што „Студенац“, еден од водечките трговски синџири во регионот, го препозна квалитетот и стратешката позиција на овој проект. Благодарение на техничката експертиза на нашиот тим, „ВГП“ тесно ќе соработува со клиентите за да дизајнира и имплементира објекти прилагодени на нивните оперативни потреби, изјави Јан Ван Гит, извршен директор на „ВГП“.

Заедно со овој проект се привршува и изградбата на логистичко-дистрибутивен центар во Велика Горица на површина од 36.000 метри квадратни.

Со отворање на два нови капацитети за помалку од една година, „Студенац“ дополнително ќе ги зајакне своите логистички капацитети и ќе ја подобри достапноста на производите до своите клиенти, обезбедувајќи врвна услуга и ефикасност во снабдувањето на својата малопродажна мрежа, велат од компанијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Студенац“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...