„Лидл“ – Словенија во соработка со компаниите „Феифер“ и „Шмитц каргобул Аг“ во својот возен парк ја додаде првата целосно електрична полуприколка.
Ова е прва електрична полуприколка во Словенија која не произведува штетни гасови, објави компанијата на својот профил на LinkedIn.
Преку решенија кои придонесуваат за намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на стакленички гасови, „Лидл“ - Словенија континуирано се стреми да постигне нула емисии на стакленички гасови до 2050 година. Оваа прва електрична полуприколка е само една од бројните мерки што ги спроведуваме за да ги намалиме емисиите и да овозможиме поефикасен и еколошки транспорт, изјави Грегор Планиншиќ, раководител за логистика во „Лидл“ - Словенија.
Имено, полуприколката е опремена со уред за ладење на батеријата кој овозможува надополнување на енергијата, а покрај тоа користи и напредни технолошки решенија кои обезбедуваат оптимално ладење и енергетска ефикасност. Полнењето на батериите се врши во „Арја Вас“за време на дневните и ноќните возења, а во моментов се водат тестови на различни географски правци за да се потврди приспособливоста на полуприколката на различни терени.
Дополнително, паметното редење на товарот овозможува максимално искористување на капацитетот и ги намалува непотребните патувања.
Од компанијата наведуваат дека се свесни за нивната одговорност кон животната средина и, во согласност со климатската стратегија на „Лидл“, инвестираат во електрификација на транспортот и употреба на зелена енергија, а новото возило претставува важен чекор кон одржлива логистика и намалување на јаглеродниот отпечаток.
Извор/Фото: „Лидл“ - Словенија/LinkedIn
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.