Регион

Словенија: „Донат“ ја претстави новата линија на производи

26 Feb 2025

По неодамнешната најава за реконструкција на фабриката на „Донат“ во Рогашка Слатина, брендот на групацијата „Атлантик“ ја претстави новата линија на производи DoNatural Herbal Waters.

Новата линија, создадена со внимателно одбрани состојки, го поддржува човечкиот метаболизам и варењето, обезбедувајќи свежина и неопходна хидратација за подобра благосостојба, објави компанијата.

Компанијата додава дека водите DoNatural не се само новина на пазарот, туку „одраз на страста, стручноста и визијата“ на тимот на „Донат“.

Ова е посебен момент за нас. Тоа покажува дека дури и по повеќе од еден век, можеме да еволуираме, да растеме и да постигнеме нови пресвртници, велат од компанијата.

Откако минатата година на покривот на фабриката „Донат“ во Рогашка Слатина беше поставена најголемата соларна централа на групацијата „Атлантик“, групацијата неодамна започна со проект за реконструкција на најстариот дел од оваа фабрика. Како дел од проектот ќе се модернизира технологијата што моментално се користи во фабриката, а ќе се воведе и нова производна линија.

Реконструкцијата, вредна 10 милиони евра, е дел од пошироката стратегија за модернизација чија цел е зголемување на капацитетите и подобрување на производството на нови производи. Завршувањето на првата фаза од проектот се очекува во мај 2025 година, додека втората фаза треба да биде завршена во 2026 година.

Реновирањето на фабриката „Донат“ е клучен дел од нашата стратегија за модернизација и зголемување на капацитетите, бидејќи ќе ни овозможи да произведуваме поефикасно и поквалитетно. Првата фаза од реновирањето на фабриката во Рогашка Слатина ќе биде завршена до мај 2025 година. Целосното реновирање ќе овозможи усогласување со најновите стандарди и ќе обезбеди модерен работен простор за нашите вработени, изјави Дарја Тержан, извршена директорка на деловниот сектор „Донат“ во групацијата „Атлантик“.   

Извор/Фото: „Донат“/„Групација Атлантик“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...