„Шпар“ – Словенија и пекарницата „Каучич“ ја соопштија дека отвори седум франшизни „Шпар“ продавници во регионот Штаерска.
Од новите седум продавници, три се отворени во Марибор на адресите Корошка цеста 53, Кардељева цеста 65 и Керникова цеста 8, две се отворени во Горни Радогни на адреситте Сподња шчавница 19 А и Црешневич 98 и по една во Сливница на Марибоска цеста 28 и во Лумбуш на Об Блажовници 54.
Најголемата од новоотворените франшизи, на Корошка цеста 53, зафаќа приближно 420 квадратни метри продажна површина, додека најмалата, на Керсникова цеста 8, се простира на 120 квадратни метри.
Сите нови франшизи, со исклучок на „Шпар“ на Кардељева во Марибор, нудат и паркинг места, соопштија од компанијата.
Продавниците на потрошувачите им нудат широк асортиман на производи, вклучувајќи сувомесни производи, свежо овошје и зеленчук и приватни трговски марки на компанијата, додека посебно внимание ќе се посвети на свежиот леб и печива од пекарата „Каучиќ“.
Извор: Instore.rs
Фото: „Шпар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.