Регион

Хрватска: „Краш“ ги зголемува платите на вработените

17 Dec 2024

„Краш“ потпиша нов колективен договор со претставниците на Синдикатот на вработените во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанството на Хрватска, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

Новиот договор гарантира подобрување на материјалните права на сите вработени и најавува модернизација на пресметката на платите, што подразбира целосна транзиција кон бруто-договори, евалуација на сложеноста на сите работни места и воведување систем за оценки за плата, соопшти компанијата. 

Зад нас е година полна со предизвици, особено поради рекордниот пораст на цените на какаото, но сепак ја препознаваме вредноста на нашите вработени и континуирано инвестираме во нивните права. Исклучително сме задоволни што на крајот на оваа година, покрај божиќниот бонус и другите права, уплативме дополнителни 500 евра нето износ. Сметаме дека континуираното инвестирање во луѓе е силна основа за почеток на уште една предизвикувачка година пред нас, изјави Маријана Кнежевиќ Тудиќ, претседател на Управниот одбор на „Краш.“

Дополнителните инвестиции во материјалните права на вработените во „Краш“ е уште еден важен чекор во насока на дополнително подобрување на стандардите на вработените. Мило ми е што преговорите поминаа успешно, особено затоа што синдикатот   во „Краш“ обединува голем број наши членови во фабриките во Загреб и Осиек. Раководството на „Краш“ досега секогаш се покажуваше како добар партнер и убеден сум дека во иднина ќе работиме заедно за да обезбедиме уште подобри услови за сите работници, изјави Денис Парадис, претседател на синдикатот.  

При креирањето на моделот за подигање на материјалните права на вработените, компанијата ги имала предвид и нивоата на приходи, така што вработените со моментално најниски примања ќе добијат зголемување на бруто платата од најмалку 16,6%, како и зголемување на останатиот материјал права. Имено, од идната година на работниците кои ги исполнуваат условите ќе им се исплаќа нето-месечна неоданочлива фиксна награда за работни резултати во износ од 50 евра.

На сите вработени во „Краш“ и натаму им се гарантира надоместок за користење на годишен одмор и божиќни бонуси во вкупен износ од 700 евра, 133 евра бонуси и други поволности како надоместоци за топол оброк и превоз, кои се исплаќаат месечно.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Краш“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...