Регион

Хрватска: „Томи“ нема да продава пиротехнички средства

13 Dec 2024

Во пресрет на празниците и оваа година „Томи“ одлучи да не продава пиротехнички средства.

Продажбата и користењето на овие средства во Хрватска се дозволени во одредени периоди согласно со одредбите на законот.

Меѓутоа, компанијата „Томи“ како и во претходните две години, односно од 2022 година, во своите продавници не продава пиротехнички средства.

На овој начин сакаме да покажеме општествена одговорност и да дадеме сопствен придонес во зачувувањето на здравјето на луѓето, како и заштита на животните од несаканите последици кои настануваат со користењето на пиротехниката. Со сопствен пример сакаме да покажеме на целокупната јавност дека користењето на пиротехничките средства носи големи ризици и често има штетни последици за луѓето, животните и животната средина, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Томи“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...