Регион

Словенија: Отворен е нов маркет на „Меркатор“ во Љубљана

29 Nov 2024

Компанијата „Меркатор“ која е членка на „Фортенова група“ отвори нов „Меркатор минут“  маркет во станбениот комплекс Шеленбург во Љубљана на адреса Госпосведска цеста 13.

„Меркатур минут“ е доказ за нашата посветеност во иновациите и удобноста на купувачите. Со користењето на напредните технологии и дигитални решенија, создаваме продавница која не само што ги задоволува потребите на идните купувачите, туки ги надминува и неговите очекувања, изјави Томислав Крамариќ, претседател на управата на „Меркатор“.

Маркетот, кој се простира на површина од 325 метри квадратни, користи електронски цени, кои помагаат да се зголеми деловната ефикасност и да се намали притисокот врз вработените.

Како што соопштуваат од компанијата, станува збор за маркет наменет за брзо, самоуслужно купување.

Во маркетот потрошувачите ќе можат да купат овошје и зеленчук и пекарски производи, како и да изберат производи од широкиот спектар на готови оброци, вклучувајќи тортиљи, салати, сендвичи и пици.

 

Извор/Фото: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...