Регион

БиХ: „Станиќ група“ отвори нов „Техно шоп“

26 Nov 2024

Со присуство на деловни партнери, новинари и купувачи, во Сараево свечено беше отворен нов „Техно шоп“ како дел од водечкиот продажен синџир за техника „Станиќ Трејд.“

Лентата на отворањето на новиот „Техно шоп“ свечено ја пресекоа Кристијан Станиќ, косопственик на „Станиќ група“ и Лана Пудар, најдобрата пливачка на БиХ.

Модерно уредениот и дизајниран простор на Булеварот Меша Селимовиќ 16, на своите повеќе од 1.000 квадратни метри, на купувачите им нуди уникатно купувачко искуство и иновативен пристап што досега немале можност да го видат на овој пазар. Покрај модерниот продажен простор, купувачите ќе ќе имаат можност да уживаат и во зоната HI TECH, што дополнително ќе го збогати искуството за купување и ќе им овозможи да се впуштат во светот на иновациите и да уживаат во технолошките достигнувања.

Новиот „Техно шоп“ содржи и едукативен КГЛ (клима, греење, ладење) центар, кој е дизајниран како простор каде купувачите можат да научат сè за најновите технологии, како што се висококвалитетните топлински пумпи на LG. Во центарот посетителите ќе имаат можност да се запознаат со енергетски ефикасните решенија, паметните системи за контрола на температурата и најновите уреди кои овозможуваат удобност и заштеда на енергија.

Она што е особено интересно е што купувачот ќе може на едно место да добие информации за кредитирање преку програми за енергетска ефикасност со поврат на инвестицијата, како и за различни програми за субвенционирање на овие проекти.

 

Извор: Linkedin

Фото: „Станиќ група“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...