Во Подгорица кај поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“ започна изградбата на трговскиот центар и на новата управна зграда на компанијата „Воли“, пренесува „Банкар.ме“.
Изградбата е во фаза на подготовка на теренот и поставување на темели, а на парцелите УП 22 и УП 23, кои се со вкупна површина од околу 22.000 квадратни метри веќе се формираат контурите на идните објекти.
Модерната деловно – трговска зона е замислена како простор со современи архитектонски решенија и високи еколошки стандарди.
Локацијата е на просторот на поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“ во непосредна близина на централните градски сообраќајници, што дополнително ќе придонесе во достапноста и атрактивноста на просторот.
Извор: bankar.me
Фото:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.