Со проширувањето на продажната мрежа низ Хрватска, dm дрогерие маркт нуди можност за купување на детергент преку полначи за детергент во девет свои продавници.
Полначите за детергент кои им овозможуваат на потрошувачите да ги дополнат своите шишиња, отсега ќе им бидат достапни и на потрошувачите во Чаковец и Пула.
Детергентите за садови се вегански, не содржат сулфати и се 100% биоразградливи, а покрај тоа, на потрошувачите на располагање ќе им се достапни и два универзални детергенти за облека и еден детергент посебно направен за шарена облека.
За dm одржливоста на подразбира само унапредување на деловните процеси и на енергетската ефикасност, туку и инвестирање во производи и решенија, кои на нашите купувачи ќе овозможат да направат наизглед мали промени, давајќи придонес во заштитата на животната средина. Минатата година продавниците на dm ги посетуваа дневно над 100.000 купувачи и веруваме дека ако им овозможиме да направат мали промени во секојдневниот живот, заедно можеме да направиме големи работи за нашата заедница, изјави Гордана Пицек, директорка за набавка и маркетинг во dm за регионот Адриа.
Еко полначите моментално се достапни во 14 продавници во 9 градови низ Хрватска, а dm на сите корисници на полначите им подарува шише Планет пјур od 100% рециклирана пластика кое може повторно да се користи при секое следно купување.
Извор: InStore.rs
Фото: dm дрогерие маркт
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.